ЧЕСТИТКИ: „МИО КАФЕ“ ОСВЕН ВО МАКЕДОНИЈА И ИТАЛИЈА, СТАНА ТРЕНД И ВО СРБИЈА – НА „КАФЕ ФЕСТ“ ОСВОИ ПРВО МЕСТО ОД ПУБЛИКАТА И ТРЕТО МЕСТО ОД ЖИРИТО!

јуни 14, 2021

Дојде тивко, а веќе е еден од најголемите кафе брендови во балканот. „МИО КАФЕ“ е задоволство кое вреди да се проба, затоа и освен во Италија и Македонија, „МИО КАФЕ“ успешно го трасира својот пат и во Србија. Неодамна во Белград се одржа познатиот „КАФЕ ФЕСТ“ каде „МИО КАФЕ“ се здоби со прво место од публиката и трето место од жирито.

Сопственикот Ѓорге Трајанов за Струмица Денес изјави дека целиот тим работи со многу напор, со многу желба и голема љубов самото кафе да стане број еден насекаде низ Европа.

Тајната на совршениот филџан „МИО КАФЕ“ лежи во вниманието, стручноста и посветеноста со која се однесуваме кон секое зрно, во препознатливиот мирис и вкус и со довербата на потрошувачите. „МИО КАФЕ“ изгради препознатлив концепт на уживање во кафето: секогаш најдобар квалитет, богата лепеза на производи, препознатлива арома, врвен мирис и вкус, иновативност и достапност во секој момент.

Искрени честитки од тимот на Струмица Денес!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ