ЧЕСТИТКИ: Доделени дипломите на годинашните 283 матуранти во СОУ „Јане Сандански“

август 21, 2021

СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – СТРУМИЦА:

На 18 август 2021 година во дворот на училиштето им беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2017-2021.

Пандемијата нѐ спречи да организираме свечено доделување на дипломите, сепак, дипломите беа доделени во согласност со мерките и протоколите кои беа во сила во тој момент.

Годинава во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица завршија 283 матуранти, од кои сите успешно ја положија државната матура.
Традиционално, и оваа година беа избрани ученици на генерацијата — Васил Бунгурџиев од гимназиското образование и Иван Тренчев од стручното образование.

Годинашните матуранти не ја изоставија традицијата на нашето училиште и завршувањето на своето средно образование го заокружија со фрлање на капите пред влезот на училиштето.

🎊 Им честитаме на сите годинашни матуранти за успешното матурирање и им посакуваме успех во иднина на лично и професионално ниво.

Кликнете ОВДЕ за целосната фотоглаерија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ