БРЗ ВИКЕНД ДЕСЕРТ: Сочна Орео торта од само 3 состојки

март 29, 2023

Социјалните мрежи се место каде масовно се споделуваат рецепти за брзи десерти, што не одземаат премногу време, а сепак ви озвозможуваат да сервирате нешто што сте го направиле сами.

Оваа брза торта ќе ја подготвите за само 15 минути, а за неа ќе ви бидат потребни само 3 состојки и никој нема да верува дека сте ја направиле сами.

Оние што ја пробале, коментираат дека им се допаѓа совршениот спој од крцкави Орео колачиња и богатиот фил од чоколадо.

Како да ја подготвите оваа брза торта?

Потребни состојки:

  • 400g млечна чоколада;
  • 300ml слатка павлака;
  • 300g Oreo колачиња (150g за пандишпан и 150g за филот).

Начин на подготовка:

  • Чоколадата и слатката павлака се ставаат во длабок сад и се ставаат во микробранова печка или се загреваат на пареа додека чоколадата да се стопи и состојките да се соединат;
  • Околу половина од Орео колачињата (150g) се мелат во процесор за храна или се дробат со сукало во ќеса, а другата половина (150g) се сечкаат на четвртини и се оставаат на страна;
  • Во длабок сад се мешаат издробените Орео колачиња со 1/6 (околу 120ml) од смесата од чоколада и слатка павлака и се мешаат, па потоа од смесата во калап за торта со притискање се формира пандишпан;
  • Исечените Орео колачиња се мешаат со остатокот од филот и готовата смеса се истура врз пандишпанот, а на крај тортата се декорира со уште неколку искршени колачиња;
  • Тортата се остава во ладилник околу 4 часа.

Видео упатство:

@fitwaffle 3-ingredient Oreo Chocolate pie #oreo #food #chocolate #tiktokfood ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ