Брера-Струмица на иста маса со Манчестер сити, Челси, Јувентус!

ноември 15, 2023

Македонскиот прволигаш, Брера Струмица, се пофали дека учествува на престижен самит во Лисабон, наречен „Трансфер рум“.

Станува збор за собир на кој присуствувале претставници на фудбалски гиганти од Европа, што претставува можност за стекнување контакти, воспоставување соработка и отворање нови можности за клубот.

„Нашиот Фудбалски клуб Брера Струмица доби покана и се најде во друштвото на најдобрите европски и светски клубови на самитот насловен како „TransferRoom“ во Лисабон Португалија. На самитот, клубот го преставуваа Леонардо Алеоти член на сопственичката структура на клубот и Јован Симиќ генерален директор на клубот. На овој настан учествуваат околу 300 клуба и целиот свет меѓу кои и преставници на Манчестер Сити, Јувенутс, Рома, Челзи, Севиља, Милан, Интер Мајами, Гремио, Ајакс како и други големи клубови. Нашиот клуб е единствен од Македонија кој учествува на најголемиот состанок на професионални клубови од целиот свет. Алеоти и Симиќ имаа болем број на состаноци на кои ја промовираа работата на клубот, но и компанијата Брера Холдинг. Направени се и важни контакти кои во иднина на нашиот клуб отвораат можност за соработка со најголемите светски клбуови на повеќе полиња“, се пофалија од Брера.

Брера холдинг е компанијата, која во јуни купи 90 отсто од акциите на Академија Пандев (10 отсто останаа кај Горан Пандев) и почна ново поглавје во клупската историја.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ