strumica denes logo

БРАВО, ЗАКОНОТ ВАЖИ ЗА СИТЕ: Голема полициска акција во моментот во Македонија, паѓаат над 50 доктори, адвокати, службеници во ПИОМ поради злоупотреба на туѓа нега!

Автор:

Датум:

април 23, 2025

Автор:

Датум:

април 23, 2025

Голема полициска акција во моментов спроведува Бирото за јавна безбедност. Според информациите, станува збор за акција во која се опфатени се 49 луѓе поради злоуптреби со финансиска помош за туѓа нега.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според наши неофицијални информации, опфатени се 49 лица, а меѓу нив има доктори, член на комисија на ПИОМ, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро.

Во моментот се вршат претреси на 21 локација, меѓу кои и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес. Полицијата врши претреси и на 15 домашни адреси на осомничени лица.

Како што дознаваме, поднесени се кривични пријави за повеќе сторени кривични дела, злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда.