Во врска со објавата на социјалните мрежи во која се гледа како патничко моторно возило “мерцедес” со струмички регистерски ознаки се движи и се паркирал во градскиот парк во Струмица, Ве информираме дека СВР Струмица презеде мерки и активности и во Полициска станица Струмица е повикан Ѓ.А (73) од Струмица. Во службен разговор тој го признал делото и против него е поднесен соодветен поднесок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
БРАВО ЗА ПОЛИЦИЈАТА: Возачот на мерцедесот кој се возеше низ паркот, повикан во полициска станица и истиот е казнет!
