Во Општа болница Струмица веќе 5 месеци функционира одделот за интервентна кардиологија со ангиографија на коронарни крвни садови и стентирање.
Денес за првпaт на одделот за интервентна кардиологија во нашата болница е изведена процедура за стентирање на вратна артерија (каротидна артерија) преку артерија на рака на пациентот.
Станува збор за пациент кај кого е направена дијагностичка коронарографија каде е дадена индикација за хируршка реваскуларизација на срцето(бајпас) и третман на лева и десна каротидна артерија. Според протокол мораше да се обезбеди доволен проток на крв во мозокот, па потоа во втор акт пациентот да оди на бајпас операција.
Кај пациентот преку десната рачна артерија(радијална), се пристапи до десната вратна артерија и се постави стент во истата.
Пациентот во тек на денешниот ден веќе би требало да биде пуштен дома.