БРАВО: СТРУМИЧАНЕЦОТ МИТЕ ПЕТРОВ, ХЕРОЈОТ ВО ИТАЛИЈА КОЈ РАБОТИ ПО 12 ЧАСА ДНЕВНО УШТЕ КОГА СЕ ПОЈАВИ КОВИД-19!

мај 8, 2020

Струмичани отсекогаш важеле за работлив а пред се’ хуман народ, не само овде, туку низ целиот свет. Мите Петров кој живее и работи во Италија, поточно во Пјаченца, од јануари па се до денес неуморно работи по 12 часа на ден и придонесува во тоа Италија што побргу да излезе од кризата која ја погоди можеби најмногу. Мите по претходно завршени курсеви,  се вработи во Црвен Крст како шофер и како личност задолжена да врши дезинфекција на сите комбиња и автомобили на прва помош. Браво за Мите и за сите оние кои секојдневно придонесуваат во цела оваа ситуација.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ