БРАВО: СТРУМИЧАНЕЦОТ ДРАГАН КРСТЕВ ВЧЕРА СО ЗАСТАВА 101 ОД 1974 ГОДИНА, ОТПАТУВА ЗА ЛОНДОН!

септември 3, 2020

Струмичанецот Драган Крстев вчера попладне со својот автомобил „Застава 101“ од 1974 година, тргна за Лондон, 2.625км.

Драган за портал Струмица Денес вели дека сите овие години му било желба со овој автомобил да стигне возејќи до Лондон.

Крстев во својот автомобил понесе и резервни делови, а со него има и опрема за ноќевање доколку се случи поголем проблем со автомобилот.

Пред да се одлучи за овој подвиг, Драган Крстев направи неколку контроли низ струмичките сервиси и консултации со повеќе искусни мајстори од времето кога се возеа автомобилите произведени во Југославија.

Пред малку Драган не извести дека во моментот се наоѓа во Нови Сад и нема никаков проблем засега.

Инаку, тој последните 20 години живее во Лондон и е сопственик на автосервис таму.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: