strumica denes logo

БРАВО: Сексуално образование ќе биде дел од темите кои ќе се изучуваат по биологија и граѓанско!

Автор:

Датум:

август 9, 2024

Автор:

Датум:

август 9, 2024

Сексуално образование во училиштата ќе има но не како посебен предмет, туку ќе се изучува тематски по предметите биологија или граѓанско. Учениците од 7, 8, 9 одделение ќе учат за репродуктивното здравје, сексуално преносливи болести, родово базирано насилство и други теми со кои младите ќе се стекнат со знаење кое е соодветно на нивната возраст. Министерката Јаневска за Сител вели она што веќе се имплементира ќе продолжи и понатаму но нема да се воведуваат нови содржини Бирото за развој е задолжено да прецизира колку часови и како ќе се предава овој материјал.

Темите ќе се обработуваат од септември во овие одделенија. Инаку пилот проектот за сеопфатно сексуално образование што требаше да прерасне во изборен предмет за сите ученици од 8 и 9то одделение се уште се спроведува како вон наставна активност во две училишта во Скопје и едно во Тетово.

Бирото прави анализи за тоа какви се ефектите и што може од ова да се имплементира во наставните програми во иднина иако министерката е децидна дека посебен предмет за сексуално образование нема да има.