БОЈМАЦАЛИЕВ: Дрога во вредност од 426 милиони евра е тргната од улиците во Македонија!

февруари 27, 2024

Состојбите во Министерството за внатрешнир аботи значително се подобрени на подобро во изминативе години, тврди дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервјуто за Тв Стар. Според него, докази има многу, меѓу кои е и довербата од граѓаните која како што потсети е вратена и сега оваа институција се наоѓаа меѓу трите инсититуции во кои граѓаните имаат најмногу доверба.

– Од полиција со најнизок рејтинг во општеството, една нетраспарентна полиција која тепаше студенти, бркаше новинари во собрание, бркаа пратеници од гласање, направивме сервис на граѓаните. И така и ќе продолжи МВР мора да биде сервис за граѓаните. Ако земеме полицијата какви услови имала пред 2017 и какви има денеска, 80 објекти реконтруирани, една полициска станица моментално се гради во Аеродром најмодерна по сите светски стандарди, Управните служби во МТВ се реконстурираат, после 53 години се реконтруира училиштето во Идризово од каде што излегуваат новите полицајци, каде што ја создаваме иднината на македонската полиција. Сето тоа говори колку сме се грижеле за полицијата и за иднината на оваа држава, за безбедноста на граѓаните. Во 2017 наследивме полиција без униформи и чевли. Сите полициски службеници од сите единици имаат нова и модерна униформа. Ние купувавме опрема за граѓаните и кога ќе ги погледнете и статистиките и резултатите, тие се најдобри во изминатите 30 години – истакна Бојмацалиев.

Потоа дополни дека МВР од дното дојде до топ три институции во која граѓаните имаат доверба, институција која е транспарентна.

– И затоа слоганот МВР за граѓаните е онаа реалноста која ја зборуваме, МВР е вистински сервис на граѓаните, така и ќе биде. Ако се вратиме на она што беше актуелно изминатите денови, она спречување на акцијата на дрога, само во периодот на Спасовски имаме уапсено над 5000 луѓе. Оној бокс на, не би сакал да кажам колегата, е бокс на сите колеги кои ги уапсиле овие луѓе. Зборувам за дрога конкретно, ако земеме колку милиони евра сме тргнале од бандите, од тие банди на кои 30 години никој не им се спротивстави, 426 милиони евра вредноста дрога се тргнати од улиците – потенцираше Бојмацалиев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ