Асфалтирани три нови улици во Вељуса!

ноември 16, 2018

Согласно Програмите за реализација за 2018 година, општина Струмица продолжува со асфалтирањето на улиците во населените места. Се асфалтираа три улици во населеното место Вељуса со вкупна должина од 320 метри, една улица во должина од 160 метри во Водоча и една во Баница со должина од 200 метри. Во ова населено место ќе се асфалтира уште една улица во должина од 230 метри и ќе се тампонира и улицата покрај Струмин гроб во должина од 200 метри.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: