Претходно имавме анкета која беше насловена „ Што најмногу и недостасува на Струмица, а што треба да се отфрли?“ во коментари некои одговорија дека сакаат зоолошка градина, луна парк, подобра канализација, од друга страна скоро сите што коментираа заедно беа согласни дека треба да се отфрлат казината или да се дислоцираат надвор од градот.
Сепак, коментарите кои собраа најмногу лајкови на прашањето што најмногу недостасува во Струмица беа (КИНО) и (ПОГОЛЕМА НОЌНА ДИСКОТЕКА СО СЕКОЈДНЕВНИ ЖУРКИ НАДВОР ОД ГРАДОТ).
Што навистина би било поубаво за нашиот град од овие две работи? Вашите размислувања оставете ги во коментар, а ние се надеваме дека надлежните ќе преземат се’ што е во нивна моќ да ги остварат нашите барања.