Сообраќајната култура е мошне важен елемент на безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи и поседување на вештини и умеење да се управува со возило, туку истовремено претставува и навика на нивно редовно и безусловно почитување и применување.
Таа претставува начин на перципирање на односите во сообраќајот, на движење и однесување кој треба да биде во насока на исполнување на општите и заеднички интереси на сите учесниците во сообраќајот, а тоа е непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Дали во Струмица има сообраќајна култура или повеќе владее нервоза кај возачите? Вашите одговори напишете ги во коментар.