strumica denes logo

АНКЕТА: ДОАЃА КОЛЕДЕ, ТРЕБА ДА СЕ ЗАПАЗИ ТРАДИЦИЈАТА ЗА ПАЛЕЊЕ НА ОГНОВИ ИЛИ НЕ?

Автор:

Датум:

јануари 4, 2024

Автор:

Датум:

јануари 4, 2024

Православните христијани во саобта го слават Бадник. Во Македонија празникот се слави различно, во различни региони. Во Струмичко отсекогаш се палеле коледарски огнови на Бадник. Заедничко за сите е што со Бадник се најавува еден од двата најголеми празници во христијанството, раѓањето на Исус Христос или Божиќ.

Според обичаите, денот на Бадник почнува со т.н. коледарење. Истражувачите на овие обичаи истакнуваат дека на почетокот Коледе бил поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, со раѓањето на новото Сонце што значело и раѓање или обнова на животот, пишува фолклористот Марко Китевски во книгата „Македонските празници и празнични обичаи“, издание на „Камелеон“ од Скопје.

– Подоцна, христијанската црква овој ден го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека христијаните почнале да го празнуваат денот на Сонцето, исто како паганите, свети Августин одговарал: „Ние не го празнуваме како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“ – вели Китевски.

Иако обичаите што се изведуваат на Бадник и Божиќ се разликуваат од регион до регион, некаде дури од село до село, во основа се издвојуваат неколку заеднички елементи – богата софра што се подготвува навечер за Бадник, коледарски оган со бадниково дрво, коледарење проследено со многу коледарски песни.

Трпезата за Бадник секогаш е посна, затоа што тоа е всушност последниот ден од долгиот божиќен пост. Се готват питулици, посна сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје.