АЛБУМОТ НА ЏАМБО АГУШЕВ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ВО СВЕТОТ – ОВА Е ЗА МОЈАТА МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ ТОЈ!

август 21, 2020

Струмица и Џамбо пишуваат историја! Џамбо Агушев Оркестра уште еднаш докажа зошто се најдобри на овие простори, но и пошироко! Нивниот албум “Brasses for the masses” e награден со престижната награда “German Records Critics“ како најдобар албум во светот за 2020 година.

„Многу сум среќен, сакам да ја споделам оваа прекрасна вест со сите вас, секако тоа е награда и за мојата Македонија која ја претставуваме секаде низ целиот свет. Мојот албум повторно е награден со престижната награда „German Records Critics“ како најдобар албум во светот за 2020 година. Ви благодарам на сите за ваѓата неверојатна поддршка!“ – напиша Џамбо на неговиот фејсбук профил.

Искрени честитки од тимот на Струмица Денес!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ