АКО ОДИТЕ НА СВАДБА, НЕ СМЕЕТЕ ДА СЕ ПОЗДРАВУВАТЕ СО МЛАДИТЕ И НЕМА ИГРАЊЕ ОРО – ОВА СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА!

јуни 4, 2021

Според олеснатите мерки и протоколи кои ги донесе Владата, се овозможува организирање на свадби и разни свечености.

Но, истите ќе бидат без играње оро и без честитање и прегрнување со младите. Бројот на гости е ограничен на 100, а притоа треба да бидат евидентирани со име и презиме, додека пак сопственикот на угостителскиот објект, свадбата или свеченоста треба да ја пријави во угостителската комора.

На сите гости при влез ќе им се мери температура, а музиката треба да биде оддалечена на најмалку 5 метри од најблиската маса.

Исто така музичарите ќе бидат статични, односно не смеат да се движат и да пејат по масите.

Доколку овие мерки не се почитуваат казните се ригорозни и изнесуваат од 2.500 до 30.000 евра за угостителскиот објект, како и 1.500 евра казна за одговорното лице.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: