АКЦИСКА КОНТРОЛА ЗА ПРЕКРШОЦИ НА ПЕШАЦИ: ОСУМ ПЕШАЦИ ВО СТРУМИЦА ПРЕМИНУВАЛЕ УЛИЦА НАДВОР ОД ПЕШАЧКИ ПРЕМИН!

април 6, 2022

На 04.04.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаци во сообраќајот. Притоа, биле констатирани 18 прекршоци – преминување улица надвор од пешачки премин, од кои 8 во Струмица, 4 во Радовиш и по 3 во Гевгелија и Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: