АЈДУЦИ СТРУМИЦА:
Ние како навивачка група досега никогаш не сме ја вклучувале религијата како дел од активностите на нашата трибина, почитувајќи го фактот дека нашата трибина како и нашиот град е со христијани од повеќе деноминации на христијанската религија, не дозволувајќи тоа да влијае на нас како Ајдуци и Македонци.
Сепак овој пат на натпреварот со Гостивар како навивачка група извадивме парола со поддршка на владиката Јаков, кој изминатиов период беше цел на напад од секакви организации кои имаат за цел промена на нашите традиционални семејни вредности.
Нашата поддршка кон владиката Јаков е поддршка кон личност која со своите дела влијаеше на позитивна промена на нашиот град Струмица, неговите активности влијаеа доста на подигањето на свеста и на хуманоста во нашиот град, со што го промени животот на огромен број струмичани, а и како духовен отец поради кој многумина останаа тука во сите овие премрежја во кои се наоаѓа татковината.
Ние како навивачка група јасно застануваме зад борбата на владиката Јаков за заштита на нормалните традиционални семејни вредности, како и заштитата на децата од родовата идеологија која насилно некој сака да ја наметне врз нашите деца, во нашите училишта и општество, како почеток на крајот на нашите вековни традиционални македонски семејни вредности.
ВЛАДИКО СО ТЕБЕ СМЕ !