Навивачката група АЈДУЦИ-СТРУМИЦА денеска положија свежо цвеќе на гробот на великанот Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
„Гоце Делчев е Македонија. Овде сме да оддадеме почит на македонскиот јунак кој животот го даде за Слободна Македонија“. – велат од навивачката група за Струмица Денес.
Инаку Македонија денеска во тензична атмосфера го одбележува роденденот на Делчев поради провокациите од Бугарија и најавеното присуство на бугарски државјани во црквата каде почива револуционерот.