strumica denes logo

НЕМА УЧЕБНИЦИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО, ВТОРО ЧЕТВРТО И ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ!

Автор:

Датум:

август 30, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

август 30, 2022

Категории:

Струмица

Министерството за образование призна дека речиси половина од учениците нема да добијат учебници на стартот од новата учебна година. Наместо тоа велат дека подготвиле не скрипти туку „материјали“ кои биле „квалитетни креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје“.

Подготвените материјали во времето кога нормално се набавуваа учебниците за учениците се викаа работни тетратки. Фактот дека се направени за цело тримесечие најавува дека веројатно учениците нема да добијат книги се до почетокот на декември.

„ Дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година.

Учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје. Во меѓувреме, во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани“ – велат од МОН.
Она што останува нејасно е прашањето што правеше МОН цело лето и зошто учебниците не се подготвени во текот на летото.

Во последните 5 години, практично ниту една учебна година не почна со нормална дистрибуција на учебници и материјали за учениците. Истовремено, се воведуваа неколку различни концепции од кои последниот бара примена на паметни уреди во наставата, што претставува трошок кој не секое семејство може да си го дозволи.

Од друга страна, печатењето на „материјалите“ отвора нов трошок за државниот буџет кој и онака е во лоша кондиција.