На 08.07.2026 во 08:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.Л.(71) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 07:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга, нанесувајќи ѝ повреди. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
71-ГОДИШЕН СТРУМИЧАНЕЦ УАПСЕН ОТКАКО ЈА НАПАДНАЛ 61-ГОДИШНАТА СОПРУГА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ!























