Наковски волеј останува најтрофејниот одбојкарски клуб во младинските категории и расадник на млади таленти-одбојкарки во државата!
Ивана Милева (капитен), Викторија Трајкова и Мартина Азманова се дел од македонската репрезентација кадетска категорија и ќе настапуваат на квалификациите за европското првенство во Врњачка Бања Р.Србија!
Во недела 07 Април во Струмица започнуваат припремите под водство на селекторот, тренерот на Наковски Волеј, Александар Митев 💪
„Талентот на нашите млади одбојкарки е препознаен и почитуван, ги остваруваме амбициите и соништата на младите генерации но пред се, Наковски волеј го промовира спортскиот натпреварување и правилата за фер-плеј“, стои во објавата на Наковски Волеј. 🏐🏆