3 години затвор за возачот кој прегази Викторија Николова од Радовиш!

април 12, 2022

Три годишната затворска казна за возачот кој ја усмрти нивната ќерка, ги разочара родителите на Викторија.

Велат, згрозени биле од одлуката на судијата Љубинка Башевска.

„Немам зборови, згрозен сум од оваа држава, од судството и затоа има толку голем процент на недоверба. Друго немам ништо, згрозени сме како фамилија со ваква пресуда. Немаме зборови, сите ќе ја напуштат оваа држава“, изјави Славчо Николов, татко на починатата Викторија Николова.

Адвокатите на семејството најавиа жалба. Сметаат дека казната е незериозна и еднаква на ослободителна пресуда.

„На 20 вечерта трепкаше жолто светло, за жал, денес, овој суд дозволи светлото да биде зелено и на тој начин дозволува вакви престапи да поминат неказнети“, изјави Владимир Михајловиќ, Адвокат.

Сообраќајката во која загина радовишанката Викторија Николова се случи во јануари кога во неа со автомобил удри 22 годишниот Јордан. Тој го призна делото, рече дека се кае и посакува да бил на местото на починатата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: