„На сите им посакувам среќна кампања и се надевам дека граѓаните ќе уживаат во истата и во промоцијата на проектите. Како СДСМ ќе бидеме фокусирани на позитивна, промотивна кампања на сите проекти. Имаме реализирано 7000 проекти во изминатите 4 години“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во вестите на Сител по повод почетокот на кампањата за локалните избори.
„Не го очекувам истото и од политичките противници, бидејќи уште во предвечерието им е таков односот, со лажни вести, негативни тенденции. Не се менува ништо кај нашиот политички опоненет. Тоа е сепак предност за нас, бидејќи граѓаните се фокусирани на иднината“ кажа Заев.
Тој додаде дека при средбата со Мицкоски во германската амбасада си посакале позитивна кампања и си порачале да се фокусираат на позитивниот дел.
„Граѓаните тоа ги интересира, тоа е фокусот. Очекуваат од нас да си го дадеме зборот со програмата и кандидатите, па тие да изберат што е најдобро за нивната општина“ кажа Заев.
Лидерот на СДСМ истакна дека коалицијата предводена од неговата партија е апсолутен фаворит на изборите.
„Ние потрошивме доста време и анализа на изборот на кандидатите и верувам дека го понудивме најдоброто. Програмата ја изработивме со граѓаните и тоа е наше ветување и даден збор за идните проекти“ кажа Заев.