ВЛАДИМИР РИСТОВ: ПЕТТЕ СТРУМИЧКИ СТУДЕНТИ ДА ДОБИЈАТ УЛИЦА ВО СТРУМИЦА – ЌЕ ЈА ПРЕДЛОЖИМЕ ИНИЦИЈАТИВАТА НА МЛАДИОТ ИСТОРИЧАР ЈАНЕ КИРОВ НА СЛЕДНАТА СЕДНИЦА!

август 11, 2023

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Петте струмички студенти Пецев, Белев, Јармов, Топчев и Костуранов да добијат улица во Струмица!

Општина Струмица, струмичката полиција и правосудните органи во името на сите струмичани треба да се извинат за ликвидацијата на петте струмички студенти стрелани во 1951 година. Најмалку што можат да направат е нивното име да го носи улица, парк, училиште, а нивниот споменик во малиот градски парк да биде достојно пристапен.

Имињата на овие студенти се значаен дел од историјата на градот промовирајќи ја идејата Македонија.

Затоа на следната седницата Советот на општина Струмица, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ како точка на дневен ред ќе ја предложиме иницијативата Петте струмичките студенти да добијат улица во Струмица, поддржувајќи ја иницијативата на младиот историчар Киров. Струмичката петорка е длабоко врежана во меморијата на струмичани, а под силни реперкусии од претходниот режим не се достојно обележувани во градот.

Во Струмица има многу улици кои потсетуваат на претходните режими и личности кои директно и индиректно се дел од ликвидавијата на струмичките студенти.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ