Струмичанецот Фидан Колев на предлог на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, Генералниот секретар Миле Зечевиќ и Извршниот одбор на СДСМ на денешната трета седница, избран е за нов координатор на југоисточниот регион.
„Ви благодарам на довербата, заедно Струмица, Радовиш, Конче, Василево, Босилово, Ново Село, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија, ќе бидат сдсмовски бастиони. Заедно со претседателите на општинските и локалните раководства ќе работиме и креираме политики за подобар живот во југоистокот. ЗАЕДНО ЗА СДСМ‼️“ – напиша Колев на неговиот фејсбук профил.