strumica denes logo

РУДНИК „БОРОВ ДОЛ“ ВРАБОТУВА РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАТЕН ПРОМЕТ – РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ, ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ШТО НУДИ КОМПАНИЈАТА, ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ОГЛАСОТ!

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
• Планирање и спроведување на плаќања – Изработка на дневен и неделен план за плаќања кон добавувачи, вработени, даночни и други институции;
• Извршување на трансакции – Спроведување на плаќања преку електронско банкарство, платежни налози и други финансиски инструменти;
• Контрола на приливите и одливите – Следење и евиденција на приливите од продажби и одливите за плаќања кон добавувачи и други обврски;
• Изработка на финансиски извештаи – Редовна изработка на извештаи за платен промет и парични текови за менаџментот и сметководството;
• Банкарски извештаи и усогласување – Контрола и усогласување на банкарските извештаи со сметководствените записи за прецизност на финансиските податоци;
• Комуникација со банки – Комуникација со банкарски претставници за извршување на плаќања, кредити и други банкарски услуги;
• Планирање на парични текови – Прогнозирање и управување со паричните текови за да се обезбеди соодветна ликвидност и навремено исполнување на финансиските обврски;
• Оптимизација на плаќања – Планирање и управување со временските рамки на плаќањата за оптимално искористување на расположливите средства;
• Плаќање на добавувачи – Контрола на фактурите од добавувачите и обезбедување навремени плаќања согласно договорените услови;
• Обработка на плати – Вршење на плаќања на плати, бонуси и други примања на вработените во согласност со договорите и законските прописи.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
• Високо образование – Економски факултет;
• Претходно работно искуство од 2 години во областа на сметководство и финансии;
• Предност ќе имаат кандидати со Сертификат за овластен сметководител;
• Познавање на MSOffice пакетот;
• Познавање на Англиски јазик;
• Способност за тимско работење;

ШТО НУДИМЕ:
• Конкурентна месечна плата во зависност од квалификациите
• Исплата на додадоци на плата согласно ЗРО
• Обезбеден оброк
• Обезбеден превоз до/од работното место
• Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа

РАБОТНО ВРЕМЕ:
Работа во дневна смена од понеделник до петок од:
• 08:00 – 16:00 часот

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@borovdol.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование.Во предметот на пораката наведете “Оглас за Референт за платен промет”.

Краен рок за поднесување на апликации: 22.10.2024 година.

Само селектиранитекандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV нема да бидат разгледани. Доставувањето на диплома за завршено образование е задолжителен услов за разгледување на апликацијата.