НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: За три часа почнува зимското сметање на времето!

октомври 28, 2023

Викендов, во текот на ноќта, на преминот од сабота кон недела, во три часот по полноќ, почнува зимското сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот треба да се поместат еден час наназад, односно од 3 на 2 часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летно сметање на времето.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ