strumica denes logo

МИНИСТЕРОТ ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ: Обврска на локалната самоуправа во Струмица е да обезбеди питка вода за пиење

Автор:

Датум:

октомври 26, 2024

Автор:

Датум:

октомври 26, 2024

Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење за граѓаните. Нашата интенција беше да помогнеме затоа што видовме дека локалната самоуправа не успеа да го изменаџира процесот, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по вчерашното излегување на Струмица од ЗЕЛС.

Трипуновски вели дека во целата ситуација нема никаква политика од страна на Владата и дека единствената интенција на Министерството била да и се помогне на општината за надминување на проблемот со водата за пиење.