ИЛОН МАСК НА УКРАИНА И’ ОБЕЗБЕДИ БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ ПРЕКУ НЕГОВАТА САТЕЛИТСКА УСЛУГА „СТАРЛИНК“

февруари 27, 2022

Најбогатиот човек на светот Илон Маск објави дека во Украина е достапен сателитскиот интернет сервис Starlink, на неговата компанија SpaceX и дека испраќа поголем број терминали во таа земја.

Во повеќето делови на Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев, интернет-врската е прекината откако руската армија влегла во земјата и ја гранатирала клучната инфраструктура, јавува CNBC.

Вицепремиерот на Украина и министер за дигитална трансформација Михаил Федоров се обрати на Маска со следнава порака:

„Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс – Русија се обидува да ја окупира Украина! Додека вашите ракети успешно слетуваат од вселената – руски ракети напаѓаат украински цивили! Ве молиме обезбедете станици Starlink на Украина и побарајте од нормалните Руси да престанат“, додаваат американските медиуми.

Маск одговори на пораката на Федор на Твитер доцна во саботата:

„Услугата Starlink сега е активна во Украина. Повеќе терминали се на пат“.

Сателитската услуга Starlink има за цел да обезбеди пристап до Интернет во региони во светот кои моментално не се опслужени од провајдери на широкопојасен интернет. Тоа им овозможува на луѓето да се поврзат на Интернет преку сателитска антена поставена на или во близина на нечиј објект, која прима сигнал од сателитите SpaceX лансирани во орбитата и од земните

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: