СТУДИОТО ЗА УБАВИНА „ЈАСМИНА“ КОЕ Е ПОЗНАТО ПО БРОЈНИТЕ ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ – ДЕНЕС СЛАВИ 10 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ!

декември 2, 2023

Студиото за убавина на Јасмина Јанчева која ја знаеме по бројните хуманитарни акции во струмичко, денеска слави 10 години постоење. Јасмина и е позната на јавноста по тоа што секоја година подготвува матуранти и полуматуранти од ранливата категорија, а исто така таа се грижи и за стилот на косата на децата од училиштето за деца со посебни потреби „Св. Климент Охридски“.

Салонот за убавина на Јасмина ви ги овозможува најдобрите фризерско -козметички услуги во оваа општина па и надвор од неа. Салонот за убавина „Јасмина“ работи со маникир, педикир, надградба на нокти, шминка, фризури, шишање, депилација на лице и тело, надградба на свители трепки, ви овозможува и лепење на веги влакно по влакно и третман на лице.

„Да се биде фризер и козметичар и да се пронајдеш себе си во среќните лица на клиентите, мислам дека нема поубаво чувство од тоа. Се гордеам што со вас таа позитивна енергија ја делам овие 10 години и бескрајно сум ви благодарна за довербата. Како новитет во нашиот салон  има илуминација на веѓи, ботокс на трепки и исцртување на веѓи од страна на мојата колешка Верица Василева.“ – вели Јасмина за Струмица Денес.

По повод 10 години од постоењето, студиото за убавина „Јасмина“ донираше новогодишни паќетчиња за децата со посебни потреби како знак за нешто што сие треба да го имаме во себе и се нарекува ХУМАНОСТ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ