Коалиција за заштита на децата:
👉 М-р Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, со поддршка до сите кои се држат до здравиот разум, објективната реалност и вистината.
👉 Коалицијата претходно многупати кажа дека личностите не ги поистоветува со партиите. Токму г-динот Даријан е пример за тоа – доаѓа од редовите на владеачката партија, но ги дели нашите ставови за заштита на децата, жените и семејните вредности од жестоките удари на сомнителни невладини организации и владини активисти кои ја шират родовата идеологија.
👉 Веќе може да претпоставите дека користењето на неговото демократско право на слободен говор му има донесено страшни притисоци, закани и обиди за замолчување од страна на оние со фашистички и тоталитаристички тенденции.
👉 Коалицијата искажува поддршка и застанува зад ставовите на г-динот Даријан. Сите да го поддржиме она што сѐ уште не е расипано и корумпирано во Македонија! Поддршка!