ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Дали СДСМ во Струмица ќе ги поддржат и мажите што сакаат да бидат жени како дел од нивната агенда за родова еднаквост на 8 мартовскиот марш во Струмица!
Форумот на жени на СДСМ гордо најави дека во Струмица ќе маршира за родовата еднаквост, за потоа да се предомисли па најави дека ќе протестира за позцијата на жената, па на крај пак се предомислија и најавија дека тие се партија која се грижат за родовата еднаквост.
Дали во конзервативната Струмица, која е најголем борец против родот, СДСМ сакаат да посејат семе на родовата идеологија?
На минатогодишниот осмомартовски марш, форумот на жени на СДСМ гордо најавија дека тие ќе го донесат законот за родова еднаквост!
Јована Тренчевска еден од главните промотори на маршот за женски права беше најгласна во промовиција на родовата еднаквост. Своевремено таа предложи закон во кој требаше да има родов идентитет кој ги опфаќа дури и лица под 18 години.
Венко Филипче се залагаше за промена на полот на сметка на државата!
Да потсетиме и на изјавата на поранешна функционерка на СДСМ дека жените не ги делат по пол.
Присуството на маршот на СДСМ во Струмица не е за права на жената, бидејќи тие во својата идеологија незнаат што е жена!
Присуството на овој марш ќе значи и поддршка на родовата идеологија.