27 годишен Струмичанец со автомобил удрил во малолетен и побегнал од местото на несреќата!

октомври 1, 2021

Малолетен пешак е тешко повреден откако вчера во него удрил автомобил на ул.„Шишка“ во Кавадарци. Според информациите од МВР, по ударот, возачот го напуштил местото.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци.

По преземени мерки од полициски службеници е утврдено дека возилото го управувал А.К.(27) од Струмица, со престој во Кавадарци.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци, а во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: