26 ГОДИШЕН СТРУМИЧАНЕЦ ЗЛОУПОТРЕБИЛ ФОТОГРАФИИ НА ЧЕТИРИ ЖЕНСКИ ЛИЦА ОД СТРУМИЦА И ГИ ПРИКАЧИЛ НА САЈТ ЗА ВОЗРАСНИ!

февруари 11, 2021

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Г.С. (26) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот во февруари 2020 година од четири женски лица на возраст од 24, 25, 26 и 38 години, сите од Струмица, прибавил нивни лични податоци (фотографии), кои што претходно ги објавиле преку нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук и ги искористил за да ги објави во албуми креирани од негов кориснички профил на сајт за возрасни.

09.02.2021, по претходно преземени оперативни мерки, а врз основа на судска наредба, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле претреси на две локации во Струмица на кои живее и престојува Г.С., при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони и друг доказен материјал од интерес за понатамошно водење на постапката. Г.С. бил приведен во полициска станица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

СЛИЧНИ ВЕСТИ