strumica denes logo

23 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СТРУМИЦА СО ОСТАР ПРЕДМЕТ ГО НАПАДНАЛ СВОЈОТ БРАТ И ЧИЧКО, ПОТОА ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНАЛ И ДРУГИОТ БРАТ!

Автор:

Датум:

јули 21, 2024

Автор:

Датум:

јули 21, 2024

На 20.07.2024 во 21.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Х.(23) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19.30 часот во Струмица со остар предмет нападнал негов брат и негов чичко, а физички нападнал друг негов брат, при што им нанел повреди. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против А.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.