strumica denes logo

ВМРО-ДПМНЕ ја зајакнува поддршката во Струмица со Кемал Сулејманов кој минатите избори имаше одлична бројка на гласачи!

Автор:

Датум:

јули 16, 2025

Автор:

Датум:

јули 16, 2025

Вчера, во просториите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, се одржа средба со Кемал Сулејманов и неговиот тим, кои официјално им се приклучија на редовите на партијата.

Сулејманов, кој на последните парламентарни избори беше носител на листа на пратеници, отсега ќе биде активен дел од тимот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, со цел заедничко учество и подготовка за претстојните локални избори.

„Имаме заедничка визија за подобра и понапредна Општина Струмица. Формираме силен и мотивиран тим, кој ќе понуди конкретна и сеопфатна програма што ќе одговори на потребите на сите граѓани,“, вели Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека овој чекор е дел од широка стратегија за обединување на способни и одговорни кадри со цел донесување на суштински промени во локалната самоуправа.