СВР Струмица поднесе кривична пријава против 34-годишен жител на Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
На 21.08.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени полуавтоматско огнено оружје „Црвена Застава“ калибар 9 мм, 187 куршуми калибар 9 мм и 40 куршуми калибар 30-06.
ФОТО: АИ ИЛУСТРАЦИЈА























