22 ГОДИШЕН СТРУМИЧАНЕЦ СО „ФОРД ТРАНЗИТ“ ВРШЕЛ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ БЕЗ ДОЗВОЛА ЗА МЕЃУНАРОДЕН ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ!

декември 28, 2021

На 25.12.2021 во 12.00 часот на Граничен премин Табановце, од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, при извршена контрола во возило „форд транзит“, со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Л.(22) од Струмица, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без дозвола за меѓународен линиски превоз. Лицето било предадено за понатамошна постапка на инспектор од Државен инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски. Исто така, во 14.30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола во автобус на превозно претпријатие од Струмица, при што било констатирано дека возачот Н.И.(36) од Кочани не поседува лекарско уверение, за што ќе следува соодветен поднесок.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: