На 29.08.2024 во 22.00 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.А.(21) од Струмица. При преглед на патничко возило „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управувано од негова страна биле пронајдени најлонски пакувања со бела прашкаста материја. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
21 ГОДИШНО МОМЧЕ ФАТЕНО СО НАЈЛОНСКИ ПАКУВАЊА СО БЕЛА ПРАШКАСТА МАТЕРИЈА!
