Роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар, и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Символот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, свети Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватните куќи, по пустините. На двапати бегаше во Рим. Едвај недолго пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како светиот Атанасиј. Но, неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.
Денес се празнува Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски
СТАРЕЧКИ ДОМ „АСТРЕОН“ ВО БАНСКО ВРАБОТУВА НЕГУВАТЕЛКИ!
Дали би сакале да бидете дел од тимот на старечкиот Дом "Астреон" с.Банско. Старечкиот дом "Астреон" сака да го прошири…
Денес се празнува Светиот апостол Јаков
Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на…
Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува сите лица учесници во сообраќај на подрачје на Струмица дека во следниот период…
Во сообраќајна несреќа во Дабиле тешко повредена 31-годишна жена
На 20.10.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, во…
Стојанов Костадин е новиот ВД директор на АД Водостопанство-Струмица. Роден 1964 од село Дабиле. Дипломониран инжинер - агроном на земјоделски…