ВО ДОМОТ ВО КОЈ ПРЕСТОЈУВАЛА 24 ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД СТРУМИЦА, КАЈ ДРУГО ЛИЦЕ ПРОНАЈДЕН Е КОКАИН, ДИГИТАЛНА ВАГА И ДРУГИ ПРЕДМЕТИ КОИ ПОТЕКНУВААТ ОД КРИВИЧНО ДЕЛО!

септември 2, 2022

На 01.09.2022 во 19.50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Н.И.(23) од кичевското село Србјани и А.Л.(24) од Струмица. При претрес во дом во Кичево, што привремено го користела А.Л., извршен со судска наредба и во присуство на адвокат, полициските службеници го затекнале Н.И. и кај него пронашле и одзеле кокаин. Од А.Л. била одземена една дигитална вага и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ФОТО: ИНТЕРНЕТ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ