РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: Костадинов нема свој тим, истите директори се задржаа со години – Станува збор за марионета градоначалник!

септември 29, 2022

Реакција на Општински Комитет ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

КОСТАДИНОВ НЕМА СВОЈ ТИМ, ИСТИТЕ ДИРЕКТОРИ СЕ ЗАДРЖАА СО ГОДИНИ. СТАНУВА ЗБОР ЗА МАРИОНЕТА – ГРАДОНАЧАЛНИК!

Костадинов бара луѓе од опозицијата за раководни позиции. Очигледно бидејќи нема свој кадар и свој тим.

Костадинов е марионета на структури без визија за Струмица.

Одговарајќи на советничко прашање кога ќе ги промени директорите на претпријатијата кои се раководители со децeнии Костадинов во реплика побара од опозицијата предлози. Потоа во истиот говор сам констатира дека опозицијата нема свој кадри.

За да биде според Деловникот за работа кој Костадинов не го почитува, нека побара предлог, нека ги разреши досегашните раководители и нека распише конкурс за раководни позиции.
Доколку се чуствува неспособен да владее нека си поднесе оставка.

Во ВМРО-ДПМНЕ има квалитетни кадри за да ја раководат нашата Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ