strumica denes logo

ВМРО-ДПМНЕ со средби со дијаспората во Централна Швајцарија!

Автор:

Датум:

јуни 17, 2025

Автор:

Датум:

јуни 17, 2025

Овој викенд, задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ за Централна Швајцарија – Тринген и Лозана беа домаќини на значајна посета од страна на генералниот секретар на партијата, Ѓоргија Сајковски, како и заменик министерот за јавна администрација, Лазе Јакимоски.

Во рамките на посетата, свое присуство имаа и неколку локални функционери: Славе Андонов, градоначалник на општина Василево, Златко Ристов, градоначалник на општина Конче, Горги Божинов, градоначалник на општина Ново Село, како и Владимир Ристов, советник во Советот на општина Струмица.

На средбите се разговараше за предизвиците со кои се соочува македонската дијаспора, како и за начините на нивно надминување преку посилна интеграција со матичната држава. Посебен акцент беше ставен на можностите за враќање и придонесување на иселениците во општествениот и економскиот развој на Македонија.

Настанот беше оценет како значаен чекор во зајакнувањето на врските меѓу дијаспората и институциите во земјата.