МВР БИЛТЕН: Пронајдена марихуана во Пиперево, пријавен физички напад врз малолетно дете во Струмица!

ноември 3, 2022

На 02.11.2022 во село Пиперево, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода С.М.(45) од село Пиперево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.11.2022 во 16.40 часот во Полициската станица Струмица, Л.М.(43) од Струмица пријавила дека на 01.11.2022 околу 12.15 часот во близина на основно училиште во Струмица нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ФОТО: ИНТЕРНЕТ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: