strumica denes logo

СТРУМИЧАНИ НАСКОРО ЌЕ СЕ ВОЗАТ СО ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ!

Автор:

Датум:

март 27, 2024

Автор:

Датум:

март 27, 2024

Електромобилити-Скопје:

✅🚌🔋🔌Струмичани ќе бидат привилегирани во скоро време да се возат во нови и модерни електрични автобуси.

Во првата половина од март 2024 Јавното сообраќајно претпријатие „Струмица Транспорт“ склучи договор за јавна набавка со „Аутомакедонија“ АД Скопје за набавка на десет автобуси од марката „Isuzu Novociti Volt“

(линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx…).

Автобусите имаат капацитет од 21 седиште + 4 склопливи седишта и 22 позиции за стоење (максимално 47 патници).

Капацитетот на батеријата на овие автобуси е 268 kWh, а опсегот со едно полнење е околу 350 км. Гаранцијата на капацитетот на батериите која ја овозможува производителот е 8 години.

На брзи (DC) полначи со капацитет од 150 KW батеријата се полни за околу 2,5 часа, а на (AC) полнач од 22 KW предвидено е полнењето да трае околу 11 часа.

Смел чекор на властите во Струмица што ги прави да бидат лидери и пример во нашата држава кога станува збор за електрификација на транспортот имајќи во предвид дека многу други локални самоуправи вклучително и градот Скопје најавуваа нешто слично, но за жал далеку од реализација.

Сакаме да потсетиме дека Општина Струмица беше една од првите Општини во Македонија која овозможи на граѓаните кои се сопственици на електрични возила да ги користат бесплатно јавните паркинзи.