Home

Perdormire
Струмица

СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ: Можни се поплави есента, градоначалниците да ги исчистат каналите!

Home

За еден месец можно е да има големи поплави, согласно проценките, кажа директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, синоќа во „Клик Плус“.

„Заедно со луѓето од проценка на ризик и загрозување, за неколку недели од сега или за еден месец заклучивме дека ќе следат поплави во Македонија . Затоа што по ваквите суши вообичаено се појавуваат поплави . Тоа не значи дека сигурно ќе има. Затоа сега ги предупредувам градоначалниците да ги исчистат каналите. Направив прес-конференција и пред пожарите каде предупредив дека тоа ќе се случи, кажа Ангелов.