Home

Perdormire
Струмица Хроника

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЧКО: Maлoлeтeн вeлocипeдиcт тeшкo пoвpeдeн!

Home

Малолетник од струмичкото сео Баница бил тешко повреден кога додека возел велосипед бил удрен од автомобил „Форд“, управуван од 39-годишен човек од истото село.

На 15.08.2021 околу 19.20 часот на регионалниот пат на влез од с.Баница, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд“, со струмички регистарски ознаки, управувано од З.С.(39) од с.Баница и велосипед, управуван од малолетник од истото село.

По незгодата малолетникот бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица – информираат од МВР.

ФОТО: ИНТЕРНЕТ