Струмичкиот талентиран гимназијалец Димитар Џорлев, доби светско признание и ја освои наградата „Златна почест“ за астрономија и астрофизика!
Во конкуренција на ученици од 80 земји, Џорлев го доби признанието што го добија само 2 отсто од учесниците, а тој ја освои и Националната награда за најдобар учесник од Македонија.
Наградата „Златна почест“ се добива за учеството во последната рунда на Меѓународниот натпревар за астономија и астрофизика.
Станува збор за испит од 40 прашања кој бара знаење од областите на астрономијата и астрофизиката. Џорлев освои 35 поени и со тоа влезе меѓу најдобрите 2 отсто од учесниците – стои на признанието од организаторите.
Честитки Димитар, уште многу успеси понатаму!